Признаваме, поголеми љубители сме на мачки отколку на кучиња, честопати се разнежуваме на малите, меки и размазени мачиња, кои не бараат многу внимание и знаат многу добро да се вовлечат под кожа. Тие можат да бидат добри пријатели, иако за нив се вели дека никогаш не можете потполно да им верувате. Без разлика, колку и да ги сакате, морате да признаете дека се комплицирани суштества. Не само дека постојат во разни облици и величини, туку имаат и свој став, карактер па дури и мислење.
Уметниците, исто така власници на мачки, се обиделе да ги класифицираат мачките од лично искуство и од истражувањата за нив. Погледнете ја оваа забавна галерија и помислете, кој тип на мачка е вашата. Можеби вашата мачка личи на некоја од нив, или можете да ја комбинирате со повеќе од нив! Со мачките, никогаш не се знае…….