Возможно ли е дека постои нешто волшебно во лутите црвени пиперчиња? Повеќе истражувања покажаа дека консумирањето на зачинета, лута храна, има добро влијание на здравјето и овозможува подолг и поздрав живот.
Лутите пиперки се одличен извор на витаминот А, Ц, Б6 и К. Тие се силни антиоксиданти и го потикнуваат серотонинот во телото – предноста од нив е бројна.
1. Го смалуваат крвниот притисок
Витамините А и Ц го јакнат срцето и го зголемуваат протекот на крвта во телото. Оваа комбинација е вистинска гаранција за здрав кардиоваскуларен систем. Чили пиперките, се познати по редукција на лошиот холестерол во телото.
2. Го редуцираат стресот
Зачинетата храна ги зголемува хормоните на доброто расположение, како серотонинот. Кога се чувствувате лошо, наместо слатки и шеќер – одберете чили пиперче или парче ѓумбир.
3. Се борат против запаленија
Запаленијата во телото се главните кривци за голем број на болести, од проблеми со срцето па се до артритисот. Лутите сосотјки од пиперките, можат да ви помогнат во редуцирање и борба против запаленијата.