Iris, 15 – годишната ќерка на глумецот Jud Law, од неодамна влезе на листата на славни деца кои станаа дел на модната индустрија
Iris ја видовме во новата кампања на лондонскиот бренд Illustrated People. Во рекламата се појавува во слатки пижами со принт, а на фотографиите кои ги потпишува Luke Freeman, Iris изгледа како да има најлуда и најстилска забава во пижами, со пријателките! Темниот кармин и кул фризурата, совршено ја обележува целата кампања.
Iris, не е единствено дете на славниот глумец кое се обидува да влезе во светот на модата. Нејзиниот брат, Rafferty Law – премиерно настапи на пистата за DKNY, а пред тоа се појави и во Teen Vogue.