1. Снежно бела
Снежно белата боја е многу привлечна и нежна и е идеална за во зимскиот период. Може да се комбинира со скоро сите бои, а идеална комбинација би била ако носите бел капут во комбинација со нијанси на темно зелена, смеѓа, кобалт плава и боја на црвено вино.
2. Темно зелена
Моќна и елегантна темно зелената боја е една од најпопуларните бои оваа сезона. Можете да ја носите на повеќе начини, почнувајќи од пантолони, фустани, кошули, чизми, џемпери и.т.н. Одлично се комбинира со повеќето бои, а често ќе слушнете дека оваа боја е резервирана за дамите кои имаат префинет моден вкус
3. Марсала
Таа е званично избрана за боја на годината. Најчесто се опишува како “црвенкасто-браон” нијанса. Можете да ја комбинирате со сите земјени бои и нијанси, а секако тука ќе ви дадеме една сугестија која би можеле да ја примените а тоа е да ја офарбате косата во црвено.