Кога станува збор за музиката, годинава што изминува беше мошне успешна на тој план. Бројни изненадувања, нови изведувачи, квалитетни песни и посетени фестивали. Адел се врати со огромен хит, Дрејк ни го покажа талентот за танцување во спотот за “Hotline Bling”, а “The Weeknd” нѐ изненади со одлични, квалитетни нумери. Култниот музичкиот магазин „Ролинг стоун” направи листа со најдобрите 50 песни за 2015та година и мораме да признаеме дека и ние се сложуваме со изборот на голем дел од песните кои влегоа меѓу најдобрите. Преслушајте ја листата со најдобрите 20 во продолжение, почнувајќи од 20то место до 1во.