Диоптерските очила се важен моден аксесоар на секоја модерна жена. Тие придонесуваат за севкупниот имиџ на сите од нас. При одбирањето на рамки за очила која најмногу би и одговарало на вашето лице, неопходно е да бидеме многу пребирливи и прецизни и да да испробаме што повеќе можни комбинации и облици на рамки. Најмногу треба да обрнеме внимание на бојата, независно од моменталните модни трендови. Бојата на вашиот тен, очи, коса и кожа а најповеќе треба да внимавате на обликот на вашето лице. Личностите со топла нијанса на кожа најдобро би им стоело бела, сребрена, сива и сина боја на рамки. Немојте да ги одбегнувате и веселите бои бидејќи може да ви го освежат ликот. Секако еден од поважните моменти во одбирањето на соодветни рамки за очила е и големината на самите рамки. Треба да внимавате тие да бидат во склад со вашето лице.
Ќе ви поедноставиме; Замислете дека лицето е поделено на третини (чело, нос, очи, усни и брада), Ако вашите очила завземаат значително повеќе или помалку површина во однос на некој друг дел од овие третини, тоа е знак дека тие рамки не се соодветни за вашиот лик. Се надеваме дека овие совети ќе ви користат во купувањето на очила!!