Денешниот избор за фотографија на денот е дело на Лорејн Минс. Мал чамец се движи во близина на огромна санта мраз на брегот на Гренланд. Мразот, кој сѐ повеќе се топи поради глобалното затоплување, заземал форма на мост над ледената вода. Одлична фотографија која изгледа како да ја насликал сликар поради прекрасната мешавина на бела, сина и зелена боја.