,,Lily & The Snowman’’ (,,Лили и Снешко’’) е кус анимиран филм кој ја раскажува приказната за едно необично, но мошне емотивно пријателство. Секоја зима, магичниот снешко приредува волшебна претстава за малото девојче во градината. Лете, пак, тој нетрпеливо чека во ладилникот, надевајќи се дека и идната зима одново ќе се сретнат.
Но, времето минува, а Лили расте, па се’ поретко има време за нејзиниот снежен пријател. Зачекорувајќи во светот на возрасните, таа целосно заборава на Снешко. Се’ додека еден ден убавите мигови кои ги минале заедно носталгично не ја вратат во детството. Ќе се сети ли одново да му посвети внимание на она што некогаш најмногу го сакаше?
Филмот се прикажува како дел од рекламната кампања на канадската кино мрежа Cineplex. Погледнете ја снежната зимска приказна која ќе ви го стопи срцето и потсети кои нешта се вистински важни во животот. И не заборавајте: најдете време за она што го љубите.