Пристигнува империјата од далечната галаксија.
Силата се буди! Те повикува на нова авантура! По речиси 10 години, пристигнува новото продолжение од сагата „Војна на ѕвездите: Силата се буди“ на големото платно. Започнува нова борба за воспоставување на мир во галаксијата. Во новата трилогија ќе имаме можност да ја видиме старата генерација здружена со новата генерација херои за да се продолжи нивната борба против угнетувачката сила.
Критиките за овој филм се неверојатно добри, како од големите режисери така и од фановите. Режисерот на „Војна на ѕвездите“, Џорџ Лукас, изјави: „Мислам дека на фановите многу ќе им се допадне новото продолжение. Тоа е филм каков што тие бараа“. Но, поддршка имаше и од врвниот режисер Спилберг: „Мислам дека новото продолжение на Војна на ѕвездите ќе биде најголемиот филм до сега! Јас лично го гледав три пати.“
Долгоочекуваното седмо продолжение, на една од најпознатите саги на сите времиња, ги носи фановите на една неверојатна авантура. Дејствието во „Војна на ѕвездите: Силата се буди“ започнува 30 години по оригиналот, кога од урнатините на Империјата се појавува Новиот Поредок и мистериозниот Кајло Рен. Хан, Леа и Лук мора да ги здружат силите со младите надежи со цел да ја сопрат оваа закана за мирот на галаксијата.
„Да се видат некои од ликовите повторно или појавување за прв пат и да се оживеат овие ликови или повторно да се вратат во живот е толку извонредно за мене. Или дизајнот. Или визуелните ефекти. Или новата музика што ја компонираше Џон Вилијамс. Или звучните ефекти кои ги воведовме…многубројни работи. Чувствувам дека можноста е многу поголема од ризикот.“ – изјави Абрамс.
Од овој блокбастер се очекуваат неколку работи: борба со ласерски мечеви, кои се едни од најпознатите работи по кои е познат овој филм; неверојатно импресивни визуелни ефекти, како од првиот дел од 1977 година така и во новото продолжение од оваа година; заплети, кои ги прават овие филмови одлични; и најважната работа по која се очекува ова да биде најуспешниот филм на сите времиња!
Премиерното прикажување на „Војна на ѕвездите: Силата се буди’’ пред македонската публика бешe на 17.12.2015, по што филмот е поставен на редовната кино програма во Cineplexx.
Divianarts.com е медиумски покровител на кино Cineplexx МК.