Пилот се урива во пустина и сретнува мало момче од далечна планета.
Од Марк Озборн доаѓа првиот досега анимиран филм адаптиран на ремек-делото на Антоан де Сент Егзипери – ,,Малиот принц’’. Во срцето на оваа приказна се наоѓа малото девојче, кое нејзината мајка ја подготвува за светот на возрасните во кој тие живеат – и е прекината од нејзиниот ексцентричен, добродушен сосед авијатичарот.
Авијатичарот ја запознава со еден извонреден свет каде сѐ е можно. Свет, во кој тој бил претставен одамна од страна на Малиот принц. Тука започнува магичното и емоционално патување на девојчето во нејзината имагинација, и започнува универзумот на Малиот принц. Таму девојчето го дознава своето детство и дознава дека во крајна линија, човечките врски се основни и само со срцето можат да бидат видени.
Анимираната верзија на „Малиот принц“ ќе ве потсети на детството. Ќе ја откриеме повторно една од најсаканите и најинспиративните приказни на сите времиња – филмот кој е полн со сознанија и поуки. Филм за млади и стари, кој не научи дека најубавите нешта се невидливи за очите, туку можеме да ги почувствуваме само со срцето. Ќе започне магичното и емоционално патување во универзумот на Малиот Принц.
Во филмската верзија има две наративни линии, при што секоја има специфична анимација. Режисерот Марк Озборн сакал да остане верен на оригиналната книга, па во филмот направен со помош на компјутерска анимација користел две техники – тродимензионална слика (3Д) за прикажување на реалниот свет и техниката „stop-motion” за секвенците инспирирани од романот. Гласовите на ликовите ги позајмуваат актерите Џеф Бриџис, Џејмс Франко, Марион Котијар, Рејчел Мекадамс, Бенисио Дел Торо и Пол Рад, додека зад сценариото на филмот се потпишуват Ирена Бригнул и Боб Персичети.
„Малиот принц” е една од најпознатите книги за деца и млади во светот. Објавена е во 1943 година, а досега е преведена на повеќе од 200 јазици и продадена во преку 140 милиони примероци. Според неа е снимен американско-британски филм во 1974 година, четири години потоа и јапонска анимирана ТВ серија, а изведувани се и повеќе музичко-сценски дела на таа тема.
Премиерното прикажување на „Малиот принц’’ пред македонската публика беше на 17.12.2015, по што филмот е поставен на редовната кино програма во Cineplexx.
Divianarts.com е медиумски покровител на кино Cineplexx МК.