Цела елка да се украси со цвеќе? – сигурно е последна работа што ни паднала на ум, кога размислуваме за украсувањето на новогодишната елка. Класичната постава на аранжирањето на Божиќната елка со лампиони, машни, светилки и sвезда на врвот, толку ни е влезена под кожа, да воопошто и не размислуваме вон зацртаната линија. Меѓутоа, многу се одлучија за оваа Нова година и Божиќ, елката да ја украсат со цвеќе. Некои користат пластично или платнено цвеќе, други пак, преферираат свежо цвеќе, трети – сушено цвеќе. Било како, резултатот е секогаш прекрасен!