Како да се облечете за свечените прослави и забави?
H&M е подготвен за празничната сезона! Сите нови трендови за престојните празници можете да ги погледнете во каталогот на популарниот моден бренд, каде топмоделите Liu Wen, Edita Vilkeviciute и Andreea Diaconu совршено ќе ви прикажат што се’ можете да очекувате од наменската колекција за свечени прослави и забави. Трите познати H&M дами носат гламурозни парчиња облека, вклучувајќи макси фустани, кадифени здолништа, и секако, неизоставниот празничен украс – шљокици. Доколку се’ уште сте во потрага по модна комбинација за новогодишната вечер, или, пак, божиќниот ручек – не треба да трагате понатаму. Сите стилски парчиња од колекцијата се достапни по пристојни цени, што може да значи само едно: со H&M оваа година нема да погрешите.