Фустанот од тантела ја прави жената елегантна, женствена, во децентна мера сексепилна, со прекрасен визуелен ефект.
Тантелата е употребувана и како моден детал, а фустаните изгледаат профинето и гламурозно. Изгледаат како да се создадени само за свечени прилики, но многу лесно можат да се вклопат во секојдневниот живот.
Фустаните од тантела асоцираат на нежност и невиност, особено фустаните од бела тантела. Додека пак фустаните од црната тантела, се полн погодок за романтичарките, а белата или обоената тантела ја истакнуваат силуетата.
Еден совет……Фустаните од тантела најмногу ќе дојдат до израз доколку немате никакви модни додатоци. Ако инсистирате, нека биде тоа едноставно или слично како бојата на фустанот.
Најпознатиот и најскап фустан од тантела е белиот фистан во шампањ боја, што Audrey Hepburn го носела во филмот Празник во Рим и на доделување на Оскар.