Со надеж дека ќе го разгориме Вашиот празничен дух, а со уште поголема надеж дека ќе придонесеме во неговата креација кај Вас, ви ги претставуваме едни од најубавите божиќни традиции во светот, за кои гарантираме дека ќе Ви го стоплат срцето. А како тоа поинаку би го направиле без помош на картичките создадени од Marie Muravski?
1. АВСТРИЈА
Кога станува збор за Австриците, тие имаат една навистина интересна традиција. На празникот на св. Барбара (4 декември), во чаша полна со вода се става гранче од црешово дрво. Доколку процвета ноќта пред Божиќ, се очекува многу среќа а можеби и брак.
2. БЕЛОРУСИЈА
Пред секоја девојка се става по малку пченка и еден петел се упатува кон една девојка. Кон која ќе се упати петелот, таа е се смета дека ќе биде следната која ќе влета во брачните води.
3. ПОРТУГАЛИЈА
За време на Cosoda (божиќната утринска гозба), се остава едно слободно место за духовите на починатите во семејството. Можеби звучи морничаво, но оваа традиција се практикува во многу делови на светот.
4. ОБЕДИНЕТОТО КРАЛСТВО
Оваа традиција ни е на сите добро позната. Во текот на осумнаесеттиот век, во централна Англија настана верување дека бакнежот под гранка на имела симболизира љубов и плодност. Оваа магија се чувствува на божиќните забави околу целиот свет, не само во Обединетото Кралство.
5. УКРАИНА
Откако пајакот чул дека вдовицата немала средства да го декорира божиќното дрво, тој сплел мрежа околу гранките. Оваа приказна прераснала во верување, дека доколку се најде скриен пајак во дрвото, тоа е знак за неизмерна среќа.
6. ШВЕДСКА
Кој и да го пронајде бадемот во чинијата со Ris à la Malta (пудинг со ориз), ќе стапи во текот на следната година. Среќните самци треба многу внимателно да ја изберат својата чинија.
7. ИТАЛИЈА
Мажите и жените за време на празничните денови носат шарена долна облека, за да им донесе среќа.
8. РЕПУБЛИКА ЧЕШКА
Девојките кои се спремаат за брак си ја пробуваат шансата со фрлање на чевел преку нивното рамо. Ако предниот дел од чевелот покажува кон вратата, тогаш набрзо ќе се слушаат свадбени ѕвона.
9. ФИНСКА
За време на првиот ден во новата година, луѓето се собираат за да стават стопен калај во ладна вода. Формите кои ги прави калајот се смета дека ја предвидуваат иднината. За сите оние безнадежни романтичари, срце или прстен носи добра вест.
10. ВЕНЕЦУЕЛА
Една недела пред Божиќ, семејствата и најблиските со својот мил пар ролерки се упатуваат до Misa de Aguinaldo. За да се обезбеди максимална безбедност, патиштата се затворени на овој ден.