Кога едно несреќно семејство ќе се собере за Божиќ, сè тргнува наопаку.
За прослава на Божиќ, Сем Купер и неговата сопруга Шарлот се домаќини на четири генерации гости од поширокото семејство. По 40 години брак Сем и Шарлот се разведуваат, истовремено и нивниот син Ханк е во средината на развод. Во текот на вечерта гостите ги откриваат нивните проблеми но и самите тие повторно ги откриваат значењето на роднинските врски и духот на празникот.
Модерните празнични филмови, со нивните несреќни фамилии, опфаќаат интересен дел од забавната тематика. Можеби приказната за ваквите филмови е предвидлива, но сепак голем дел од нив допираат и ги освојуваат нашите срца.
Во филмот „Божиќ кај Куперови“, кога четири генерации на фамилијата Купер ќе се соберат за прославување на Божиќната вечер, неочекувани гости и несакани настани ќе ја превртат наопаку цела вечер, доведувајќи ги до изненадувачко откритие на врски во фамилијата и духот на празникот.
Куперови низ филмот управуваат со нивните несигурности, љубомори и загуби под притисок да остават среќен впечаток. За режисерката Џеси Нелсон можеме да видиме дека не е љубител на изразита тишина, така што во филмот секој момент е исполнет со разговори, особено со нарацијата која се одвива од страна на најверниот член на семејството – кучето Рагс.
Премиерното прикажување на „Божиќ кај Куперови’’ пред македонската публика бешe на 10.12.2015, по што филмот е поставен на редовната кино програма во Cineplexx.
Divianarts.com е медиумски покровител на кино Cineplexx МК.