Ни остануваат уште малку време до најлудата ноќ. Веруваме дека многумина од вас веќе почнаа да размислуваат што ќе облечат за новогодишната ноќ. Има безброј комбинации кои би можеле да ги изберете за оваа пригода, а ние ви претставуваме неколку од нив.
1. Гламур
Најголем ефект на гламурозен изглед ќе постигнете ако облечете блескав фустан во сребрена или црна боја. Комбинацијата секако ќе биде целосна ако ја дополните со бунда од вечтачко крзно и убаво одбран накит.
2. Едноставен шик
Ако сте поголем љубител на поедноставниот начин на облекување , за таа цел ви предлагаме да облечете црни панталони, убаво одбран модел на блуза и секако свечени потпетици.
3. Sexy cool
Секси фустан со длабоки изрези е вистинскиот избор за новогодишната ноќ во која со сигурност ќе заблескате со сиот свој сјај. сето ова мора да го надополните со убаво одбрана чанта, чевли и секако уникатно парче на накит.
4. Party girl
За оваа комбинација ви препорачуваме кус фустан со многу разиграни детали. Од озгора секако може да облечете елегантен блејзер и секако не ги заборавајте најважните работи а тоа се модните детали.
Се надеваме дека ви помогнавме во изборот на модни комбинации драги наши дами!!