The Backstage Loft e името на најновата зимска колиба која е дел од прекрасниот комплекс во швајцарскиот град Зермат. За Зермат велат дека е последната ледена оаза во Европа. Иако преку лето нема снег, жицницата која води на 3820 метри до Матерхорн е место каде има снег преку целата година. Луксузната колиба е идеално место за бегство од реалноста. Се наоѓа на тивко и изолирано место, што ја прави совршена за зимски одмор. Ентериерот е дело на архитектот Heinz Julen, познат по својот раскошен мебел и уникатни производи.
Викендичката однадвор има дрвена структура, а внатре собира 12 луѓе. Рустикалниот внатрешен дизајн најдобро доаѓа до израз на дневна светлина.
Совршен спој на удобност и традиција.