John Rocha е ирски моден дизајнер, кој е роден во Хонг Конг. Препознатлив е по храбриот и експерименталниот моден пристап.
Овој ценет дизајнер е вистински моден поет. За себе вели, дека за време на модните недели сонува само мода, а кога ќе завршат сонува некаде осамен да оди на риболов, што секогаш го инспирира…
Секогаш е доследен на својата визија и препознатлива естетика. Во последната колекција ја пронаоѓа инспирацијата од играта на светлината и природната убавина на Исланд, која вешто со леснотија ја комбинира со нежност и романтика, со доза на таинственост. Идентично, каква што е природата на островот. Во колекцијата доминираат набрани, волуменозни, скулптурални шапки и крагни кои потсетуваат на цветови. Црната и сивата боја се провлекуваат низ целата колекција, повремено освежени со огнено црвената боја. Екстраваганцијата, гламурот и феноменалната изработка, прават да се заљубите во оваа колекција и одново да ја гледате од почеток.