Совршени тапети за идилична атмосфера во животниот простор.
Зимата е на прагот, а со неа и удобните вечери поминати пред телевизорот, покрај каминот, или, пак, под топлата прекривка, но и немирните денови кога подготовката за празничните прослави е во полн ек. Во меѓувреме, пејзажите надвор ги менуваат боите, будејќи се во сиви, бели и сини тонови. Компанијата Pixers, која се занимава со производство на ѕидни тапети и мурали, понуди прекрасна колекција на зимски тапети, чија намена е ја пресликаат снежната идила и во ентериерот на домот. Тапетите можат да ја трансформираат обичната соба во мирно зимско прибежиште, особено во подрачјата каде снегот и не е баш честа појава. Од дизајнерскиот тим на Pixers мислеле на се’, па така секој зимски тапет може да се одлепи и одново да се залепи (дури и на друго место). Во продолжение, погледнете ја галеријата и одберете ја омилената тема за вашиот животен амбиент.