На сите ни треба малку мотивација и инспирација за поттик во животот, а посебно на оние кои се занимаваат со работа за која инспирацијата е неопходна- дизајнерите. Студиото Linx Supply осмисли серија едноставни, но моќни постери со интересни цитати кои ќе им помогнат на дизајнерите секогаш да се мотивирани во процесот на дизајнирање и творење. Цитатите се од познати успешни личности, како Стив Џобс, Чарлс Имс и слично, како и други кратки реченици напишани со интересни бои и фонтови. Погледнете за што станува збор и инспирирајте се.