Волшебна атмосфера во празничниот каталог на познатиот шведски бренд.
Домот е најтоплото место за време на зимата и убавите празнични прослави. IKEA ви го претставува својот нов празничен каталог, полн со прекрасни идеи и аксесоари за креирање волшебна атмосфера во екот на новогодишните и божиќните празници. Дизајнерите на компанијата ве потсетуваат дека по долго чекање, време е одново да почнете со подготовка за уживањето во најмагичната сезона од годината. Зимската колекција нуди брилијантни украси, фина постелнина и текстил, прибор за јадење и чаши за шампањ, како и деликатно осветлување за создавање емотивен и стилски амбиент во ентериерот, бидејќи дизајнот на домот е речиси најубавиот дел од зимата. Погледнете ги фотографиите и инспирирајте се во пресрет на празниците кои доаѓаат.