Синоним за љубовта секако е цвеќето, а посебно розите кои се подаруваат во знак на искажување на љубов, восхит, благодарност па дури и извинување на своите сакани. Француската изрека “La Vie en Rose” го симболизира токму позитивниот поглед на светот и им овозможува на вљубените да го гледаат светот низ розови очила. Љубовта прави чуда во нашиот живот а при тоа прави да се чувствуваме дека можеме “се да направиме”. Да се посегне по недофатливото и да се добие недостижното. Затоа драги мои секогаш кога имате можност подарувајте цвеќе и најважно од се е “САКАЈТЕ СЕ”.