Открите дали сте типичен турист, или истражувач – авантурист.
Кога станува збор за минување на годишниот одмор на некое навистина интересно место, сите сакаме да се пофалиме со нашите „инстинкти за снаоѓање“, со нашата умешност и нашите фотографски вештини. Себе си се нарекуваме авантуристи, обожаваме да спиеме под ѕвездите, но ете, некако случајно завршуваме во хотелската соба.
Компанија направи неколку прилично едноставни илустрации, со која грубо ги подели туристите и истражувачите. Поделбата беше направена врз основа на неколку поставени прашања на потенцијалните посетители на мистериозната Индија.