Секоја професија си има и добри и лоши страни, но веруваме ќе се согласите дека проблемите со кои се соочуваат оние кои се занимаваат со дизајн се навистина интересни, особено ако се прикажани визуелно, т.е. во форма на стрип. Автори на овие неделни комични стрипови се Сет Робертс и Брајан Хејвс. Тие преку цртежи ни покажуваат какви проблеми „ги мачат” дизајнерите секој ден, од избор на фонт и боја, до невозможните барања на клиентите, кратките рокови за да се заврши работата и сл. Веруваме дека дизајнерите ќе се пронајдат во повеќето слики.