Bella e етаблиран македонски моден бренд со традиција уште од 1991 година. Оттогаш до денес, овој бренд е постојано на врвот на македонската модна сцена, со клиентела која постојано расте.
Новата модна сесија, пријатно нѐ изненади и нѐ освежи со уникатниот пристап, динамичноста и левитацијата на моделот во креациите на Bella.
Новата колекција е апсолутно гламурозна – заради дизајнот, чистите линии, скапите материјали, високо брендираните модни додатоци и рачната доработка. Таа нѐ освојува со елегантните бои: белата, црната, сивата и кралската бакарна. Колекцијата се состои од фустани, блузи, кошули, панталони, јакни и сакоа.
Сите парчиња одлично се комбинираат помеѓу себе затоа што линијата е чиста, но допрена со префинети и брендирани модни додатоци, украси и копчиња. Колекцијата е наменета и за ден и за ноќ. Материјалите се луксузни – станува збор за брокат, рејон, волна, свила и кашмир.
Свечените палта и фустани изработени од брокат (уникатно создаден двослоен материјал од природна вискозна плетка во комбинација со бакарен/сребрен/ светкав црн конец) ниту една дама нема да ја остават рамнодушна. Новите модни тенденции го враќаат сатенот во неговиот полн сјај, па тој, во оваа колекција на Bella е присутен кај пантолоните, фустаните и сакоата, во комбинација со брокатот и другите материјали.
Да резимираме… Bella е апсолутен бренд кој има свој препознатлив печат: женствена линија, природни материјали, врвна изработка. Bella е парчето кое секоја дама мора да го има во својот гардеробер.
Bella – Крој по мерка за совршен изглед – Г.Т.Ц. – I кат – Skopje City Mall – I кат – Т.Ц. Буњаковец – I кат