Доколку сте во потрага по расветни тела за вашиот дом, ви прикажуваме неколку нови трендови, кои можат да ве упатат кон правиот избор на лустер и расвета за домот. Иако ние не сме од тие кои слепо го пратат трендот, кога расветата во домот е во прашање, иако тука, трендовите не се менуваат така често. Најчесто се менува начинот на изработка (како на пример 3D принт) и high-tec делови.
Обликот на расветните тела не подлегнува на трендовите во толкава мера, но некои поместувања сепак постојат, се менуваат одредени дизајнерски етапи кои диктираат трендови за дизајн на ентериерот.
На луксузните европски саеми на мебел, декор и расвета MAISON&OBJET Paris, Stockholm Furniture Fair, Fiera Milano, се претставија многу расветни тела од најсовремените дизајнери, кои не одушевија и оваа година. Денес ви претставуваме дел од нив кои можете да ги најдете во престижните продавници.