Свадбите секогаш биле доживување. Нешто што се прави еднаш во животот и се памети засекогаш. Вработуваме професионалци, сакаме се да биде совршено. Сето тоа совршенство мора да се рекордира, за попрецизно да ги евоцираме спомените.
Но, што се случува кога наместо професионален камерман, ја вработувате вашата хаска?
Addie и Marshall Burnette ставија GoPro камера на грбот на нивната хаска и и дадоа слобода да ја изрази својата креативност и да ги запази моментите кои се од есенцијално значење за двојката.
Интересно е тоа што ова видео е дури подобро од многу професионални. Дали хаските навистина се добри во филмот, или снежната автентичност, прекрасната куќа и среќниот пар ги идеализираа сцените? Тоа ви го оставаме токму Вам да одлучите.