Ве известуваме дека АРТЕ Галерија ја организира шеесет и првата самостојна изложба “Импресии“ на нашиот реномиран ликовен уметник Стефан Хаџи-Николов на 26.11.2015 (четврток) со почеток во 20:00 часот во просторот на АРТЕ Галерија.
Стефан Хаџи-Николов е роден 1955 година во Скопје. Член на ДЛУМ од 1984 година, добитник на повеќе награди, а има учество и на повеќе од 100 групни изложби во земјата и странство.
Во оваа изложбена поставка ќе бидат претставени околу 20-на уметнички дела на авторот Стефан Хаџи-Николов сите изработени во техниката масло на платно, изработени изминатиов период. Комбинациите на боите се смели и модерни, максимално јасни и звучни, така што неговиот ликовен стил можеме да го дефинираме како еден вид на модерен класицизам во кој убаво се проткајуваат и надополнуваат чистото, естетско и сензуалното.
Стефан Хаџи-Николов е годинашен добитник на државната награда “23 Октомври“ за долгогодишни остварувања во областа на културата и уметноста.
”Се надеваме дека со организирањето на изложбата насловена како „Импресии” ќе побудиме внимание кај пошироката македонска јавност да не посети и ужива во делата бидејќи тие се одраз на една длабока и раскошна имагинација на авторот”






