Ентериер со одлична организација, паметни решенија за складирање и минимализам во просторот.
Ви претставуваме стан со површина од 30 метри квадратни, кој и покрај скромните димензии е вистински пример за планско и функционално уредување на домот. Станот изобилува со паметни решенија за складирање и флексибилност кога е мебелот во прашање, како и минималистички пристап кога се декорирациите во прашање. Во ентериерот доминира белата боја, зачинета со впечатливи виолетови и црни акценти, а облагородена со топлите дрвени елементи. Една од најинтересните идеи е платформата под која е сместен креветот, а кој на принцип на фиока се извлекува и вовлекува по потреба. На тој начин, ослободен е дополнителен простор кој фиксно позиционираниот кревет би го одзел од дневната зона. Станот располага и со солидно екипирана кујна, импровизиран пулт со шанкерски столици наместо класична трпезарија, бања, како и засебен ходник со ормани и полици. Погледнете ги фотографиите и пронајдете ја омилената идеја за вашиот станбен простор.