Очилата за сонце се моден додаток кој ве диференцира од мноштвото, прават да изгледате таинствено, заводливо и модерно. Пишуваме за очила за сонце пред зима, меѓутоа очилата со кои сакаме да ве запознаеме се толку добри, што за нив навистина нема зима, тие ce “pour quatre saisons” – очила.
Pray Eyewear e бренд кој ни доаѓа од соседна Србија, бренд на рачно изработени очила за сонце од најфиното дрво. Покрај кул дрвените рамки, Pray eyewear имаат и високо квалитетни поларизирани стакла, кои ви даваат еден нов, поинаков поглед на светот. Ви даваат можност да погледнете низ природата, да ги впиете сончевите зраци на еден поинаков начин. Самата идеја за создавање на ваков производ е нераскинливата врска помеѓу човекот и природата, а самиот слоган на брендот #seethroughnature се однесува на мотивот дека природата е составен дел од духовниот идентитет.
Wonderlust (www.facebook.com/wonderlusto) се ексклузивни застапници на овој бренд во Македонија, а од тоа што го слушнавме, во иднина не очекуваат уште многу пријатни изненадувања од нив. Момeнтално можетe да ги најдете во модното студио на Јована Филиповиќ и оптика Filos Fashion. А вие почнете да ги следите и во меѓувреме останете уникатни, какви што веруваме дека сте.