По повод на вчерашниот празник, Интернационалниот ден на детето одлучивме да споделиме една преубава фотосесија направена од Adelina Triesta, навистина добар фотограф а уште подобра мајка.
Аделина има дете со Патау синдром и нејзината цел е да ја натера популацијата да гледа ПОЗАДИ ретките болести и да ги цени вредностите на луѓето, а со тоа и да ги спознае нивните интереси. Проектот на наречен „Rare Project“.
Погледнете ги фотографиите кои доаѓаат со кратка приказна.
Метју е вљубен во фудбалот. Фудбалот е неговата страст.
Елизабет обожава да танцува и пред некое време започна да оди на часови по балет.
Томос сонува за ден кога тој ќе игра за Манчестер Јунајтед.
Април е храбра и посветена, пријателски расположена и го шармира секој оној кој ќе ја запозне.
Грејс ги обожава анимациите на Дизни, поготово Мики Маус.
Хајди обожава да оди во кино, да јаде надвор од дома, да се шминка, да има маникир и да се облекува како Дизни принцеза. Таа ги обожава животните и семејните одмори.
Фејт е 14-годишна и е многу забавна, зборлеста и сакана, а има и навистина одлична смисла за хумор.