Рок на пријавување до 25. ноември, 2015.
Во налет на предновогодишната еуфорија, Јавна соба во соработка со МАТА (Македонска артисанска трговска асоцијација) распишуваат отворен повик за сите дизајнери на накит, занаетчии и друг прифил на креативни творци кои имаат готови производи и сакаат да ги понудат за продажба пред пошироката јавност. Базар викендот ќе се одржи во просториите на Јавна соба на 5 и 6 декември, 2015.
Закуп на простор за продажба: 2.450 ден по учесник
Времетрање на базарот: 2 дена
Број на излагачи: лимитиран
На следниот линк превземете ПРИЈАВА