Готиката и Англија се речиси синоними. Да си поигрувате со готската архитектура е навистина опасно, речиси исто како да си поигрувате со самата Англија.
Генерално, можеме да се согласиме дека светот им припаѓа само на најхрабрите, па го отпоздравуваме делото на парижанецот Miguel Chevalier, мајсторот на дигиталната проекција. Спојувајќи ги дигиталните ефекти со прастарото совршенство е навистина ризик.
По повод на одржувањето на настан за добротворни цели од страна на Универзитетот при Кембриџ, Мигуел имаше храброст да ги осветли ѕидовите на „King’s College Chapel“, катедрала која се смета за совршен репрезентативен пример на перпендикуларната готика на интернацонално ниво.
Светлинските проекции и даваат расположение на архитектурата, менувајќи ги постојано своите облици ја нагласуваат строгоста, пријатноста и магичноста на самата катедрала. Уште една ѕвездена ноќ во ентериерот на готиката, покрај оној нели во Хогвортс.
Во врска со проекциите, можете да го погледнете краткото видео подолу.