Популарниот американски моден бренд Juicy Couture, за празниците што следат, ја промовираше оваа нежна пастелна колкеција, полна со интересни и стилски парчиња облека, кои би сакале да ги видиме во нашиот гаредеробер.
Гламурозната колекција со романтичен тон, полна e со новите трендови кои ни требаат за празниците што доаѓаат. Тоа што нам посебно ни се допаѓа е фактот дека сите парчиња одлично се комбинираат помеѓу себе на милион начини. Дали повеќе лежерно или кежуал, на вас е да одберете.
Сепак мора да истакнеме дека во прв план се платата и кратките јакни , а Juicy Couture девојките оваа зима ја обожуваат волната и вештачкото крзно, додека пак фустаните се со различен крој и сулети. Металик материјалите и кристалните украси се доста присутни, а како и не би биле, кога во зимската и Божиќната сезона се што сакаме е – сјај и светки насекаде!