За денешниот избор на Фото на денот ја одбравме прекрасната фотографија на Џастин Нот. Во фокусот е еден светилник кој е во функција уште од далечната 1873 год. и претставува патоказ на секој кој поминува на ова место, а се наоѓа во областа Њупорт во сојузната американска држава Орегон. Одлична поставеност на фото-апаратот и уште поубава светлина од светилникот наречен Yaquina Head. Навистина остава без здив, нели?