Како што би кажала Audrey Hepburn : “Париз е секокаш добра идеја!”
Французите, посебно тие од Париз, се синоним за стил – сите сакаме да се облекуваме како нив. А кога во прашање е дизајнот на интериерот, одамна го имаат доведено класичниот и современиот стил до совршенство. Токму затоа и се прашуваме, која е тајната на уредување на париски начин? Како тие ја знаат секогаш добрата мерка на вкус и невкус? Можеби клучот за постигнување на тој безвременски стил е ноншалантноста?
Славниот француски дизајнер на интериери Jean-Louis Deniot, изјавил за Design & Trend , дека кога е во прашање спојот на различните стилови, нема комплекси за квалитетот или потеклото – може да користи било што и од било кое место. Било да се работи за рафинирани класични интериери или елегантни и софистицирани простори, парискиот стил со неколку добри совети, може да се имитира.
Еве неколку основни совети како да го дотерате вашиот стан на париски начин.
Комбинирајте груб и префинет стил
Користете стар мебел и декор каде што можете
Вметнете чувсто на забава со момош на необична уметност
Уредете го просторот со интересни и единствени предмети
Направете го станот шик, но едноставен со неутрална палета на бои
Создадете романтично чувство со помош на позлатени и румени тонови
Заедно, минатото и иднината – стар мебел со нов декор за да постигнете класично – модерен изглед