Ви претставуваме прекрасен мини ентериер, кој е пример за изненадувачка комбинација на добар дизајн со рационално користење на просторот. Иако е со површина од само 36 метри квадратни, овој мал, но мошне сладок стан има се’ што ви e потребно за среќен и удобен живот. Просторот е уреден модерно, а со шарени винтиџ детали кои внесуваат ведрина, игривост, динамика и позитивно расположение во домот. Изразено воздушест и комфорен, ентериерот се состои од ходник, дневна соба, кујна со трпезарија, спална соба, бања и балкон. Пространата и целосно екипирана кујна импресионира со својот стил и колоритниот дизајн. Спалната соба, пак, сместена е зад преградата во дневниот престој, што е многу често и креативно решение за мали станови. Обезбедува доволно приватност за опуштање, тивок агол да се прочита нешто, или, пак, да се спие. Амбиентот е декориран во стилот на 60-тите години, но во никој случај не е инфериорен во однос на убавината и оригиналноста на модерната ера. Нам многу ни се допаѓа оваа мала удобна оаза, а вам?