Со почеток на ноември, почнавме да ја менуваме декорацијата во домот и дворот. Во есен, боите на природа се раскошни, златни, потокалови и црвени. Се повеќе е во тренд декор, од сезонските природни материјали, како и од есенското овошје и зеленчук – сувите лозови лисја, тикви, шишарки, црвени јаболчиња, калинки, костени, лешници и друго.
Делува топло, домаќински и економично. Доколку се шетате во природа, во парк или на планина, секако ќе најдете интересни цвеќиња, гранки и диви плодови. Со малку фантазија, ножици, украсни ленти и лепак, самите ќе направите декорации за во домот. Се уште е рано, но можете да направите и украсни венци за врата, бидејќи зимата многу скоро доаѓа.