Се повеќе се градат креативни и дизајнерски мали куќи, за кои многумина можат да сонуваат заради ограничените финании. Andrew и Gabriella Morrison неодамна завршија со hOme проектот, имресивна мала куќа на тркала. Неконвенционалниот дом има површина од 20,5 метри квадратни, и вклучува се што е потребно за еден дом – потполно опремена кујна, купатило, спална соба, поткровје и простор за одмор.
Најинтересниот аспект на оваа куќа е нејзината мобилност – замислете си, вашиот дом во некоја шума, облеана со најубавите сончеви зраци. Чувство на слобода и мир. Вкупните трошоци за изградба на оваа куќа се 33. 000 долари, со намештајот и апаратите. Како на вас ви се допаѓа?