Визуелизацијата на домот кој ви го прикажуваме во продолжение е дело на руската дизајнерка Елена Теплова. Станува збор за стан чија примарна намена е да ја задоволи потребата од мирно и удобно место за престој на млада двојка, а кое истовремено ќе ја одразува нивната љубов кон патувањата. Ентериерот е со површина од 45 метри квадратни, а секој центиметар е внимателно дизајниран да биде во хармонија со остатокот од просторот. Примената на неутралните тонови како основа, пак, прави живите бои на уметничките дела и акцентните детали да дојдат до полн израз, давајќи му многу модерен изглед на целокупниот амбиент. Иако современ и трендовски, вака уредениот дом ќе изгледа свежо и актуелно дури и многу години подоцна. Погледнете ги фотографиите и инспирирајте се.