За тие кои мислат дека LEGO ликовите се непотполни, заради чувството дека секогаш имаат иста облека нацртана на своето тело, LEESE design направи серија на модерни парчиња изработена од вистинска ткаенина како фигуричките би ги дотерале. Постојат и шеми како да се облечат фигурите и од стариот лик ќе направите потполно нов, така да на коцките LEGO им дава една сосема нова перспектива.
Мини гардероберот вклучува машка облека и женска облека, а осмислен е на најделикатен и креативен начин. Машкиот стил се наоѓа во распон од полицијска заштитна униформа, сафари капути, докторски мантил, кошаркарски дресови, долги капути, кошули и кравати. За женските ликови, печатени се леопард бунди, изглед на ученичка и модрниот пепито примерок. Погледнете ја нашата галерија, сигурно ќе уживате!