Кога светските трендсетерки пред неколку години почнаа да ги носат Хантер чизмите, мислевме дека оваа гумена чизма, ќе биде еден од оние сезонски, минливи трендови и повеќе нема за нив да слушнеме. Но изгледа не е така.
Хантер чизмите се повеќе популрани сега од порано, а по се изгледа така ќе остане уште долго. Овие класични чизми за дожд, се совршен додаток на вашата есенско – зимска гардероба, без разлика дали сонцето грее или паѓа дожд. Можат да се носат со кежуал, како и со други шик комбинации. Со фармерки или фустан, долг балонер или кратка кожна јакна, сеедно е. Едноставно, тие го креваат секој ваш аутфит, истовремено оставајќи кежуал и помалку лежерен изглед. Хантер своите чизми комплетно ги прилагоди на 21 век, со различни комбинации на бои, мат и сјајни модели, како би изгледал подобро секој аутфит.
Вие слободно купете си гумени чизми, експериментирајте, затоа што модата е игра. И не заборавајте, практични се!