Во Македонија студенстските домови се поправаат, но дали се поправаат во овој правец?
Исто како што се модернизираат деловните згради и амбиентот во нив, исто така би морало да се поправат просториите и амбиентот на учениците и студентите. Овој студентски дом/хотел/бутик во Амстердам, дизајниран од една креативната агенција, нуди пристапни и луксузни соби за студенти, стажанти, истражувачи и патници, за една ноќ или за година дена.
Младите патници, студентите кои имаат семестар во странство, како и европските студенти кои не можат да си дозволат свој стан, сега имаат пристап на потполно опремени соби со заедничка кујна, апартмани со бесплатен интернет, купатило, приватна кујна, мирни студијски простори, дневен салон и 24- часа обезбедување. Сите простории кои се опремени, дизајнирани се со најголема доза на креативност. Кога би оделе повторно на студии, сигурно тоа би било во Амсердам.