Дизајнерскиот бренд Max Mara ја лансираше Bridal колекцијата за 2016 година. Колекцијата ќе ја обожуваат традиционалните и модерните невести. Бредот кој најмногу е познат по капути и јакни, во колекцијата има и болероа и шалови, за невестите да се покријат и понатаму да останат елегантни.
Мини фустаните во А крој, во стилот од 60-тите, се апсолутно хит, а комбинезонот на едно раме е посебен избор за неконвенционална невеста. Традиционалните венчаници во колекцијата се изработени од органза и свила, со што добиваат на елеганцијата и женственоста.
Доколку сте во потрага за инспирација за вашатата невестинска венчаница, погледнете ги овие прекрасни модели.