Ви претставуваме неколку правила доколку сте љубител на црвен кармин. Тој е одраз на женственост, и ретко која дама и да го нема во својот несесер. Но, за правилно да го носиме потребни се и неколку правила кои би требало даги почитуваме.
1. Ако сте љубител на црвениот кармин, би требало да одберете потемна нијанса на пудра, бидејќи црвената боја може да биде премногу контрастна со вашиот тен.
2. Испробајте различни нијанси на црвени кармини. Постојат безброј нијанси на црвени кармини. Најдобро ќе биде да ја изберете нијансата која најповеќе ќе одговара на бојата на вашиот тен како и на бојата на вашите очи.
3. Немојте да го нагласувате црвениот кармин со сјај за усни. Пред да го нанесете вашиот омилен црвен кармин, пожелно е да ставите малку балзам за усни.
4.Никако немојте да одберете темни нијанси на црвен кармин доколку имате потенки усни. Би требало вашиот избор да биде со посвежи нијанси на црвено.
5.Не плашете се да носите црвен кармин. За да го носите црвениот кармин на себе најважно од се е да имате став и самодоверба.
Драги дами, се надеваме дека нашите совети ќе ви помогнат во изборот на вашиот омилен кармин!!