Chanel ја лансираше својата Cruise 2016 кампања, со моделите Charlotte Free, Stellа Luciа и Kitty Hayes во прв план! Снимена во прекрасниот двор, полн со зелнило и дрвја – сценографијата на кампањата е вистинска ода на пролетта и на прв поглед е јасно, дека боите на пролетта се инспирација за новата колекција.
Облеката инспирирана од Кореја – принтови, шари и што поедноставни облици, кои совршено изгледаат со природата во позадина, која не ја гледаме често во модните кампањи.
Chanel со оваа колекција се враќа на своите корени, нагласувајќи ја женственоста и елеганцијата, едноставноста во олекувањето и ги претставува новите модели на чанти во шарени и силни бои.