По повод 23-то издание на популарниот “Life Ball” што се одржува во Виена, фотографката Инге Прадер направи неверојатни фотографии со кои му оддаде почит на познатиот сликар Густав Климт. Имено, за потребите на оваа изложба беа ангажирани манекени кои ги „пресоздадоa” едни од најпознатите слики на Климт од неговата „Златна фаза”, и тоа “Danae”, “The Beethoven Frieze” и “Death and Life”. Изложбата со манекени, како и фотографиите на Прадер верно и реално ја доловуваат истата убавина, мрачност и декаденција што ја содржат оригиналните слики на Климт, но во тридимензионална форма.
“Danae” (1907)
“The Beethoven Frieze” (1902)
“Death and Life” (1910)