Додека последните сончеви зраци го осветлуваат планинскиот предел Кооау Ренџ на Хаваите, еден планинар го прославува својот триумф. Лиз Барни, авторот на фотографијата вели дека овој успех е резултат на огромна желба и многу вложен труд: „Иако оваа планинарска патека не е многу популарна, беше неостварен сон за две жени. Тие се подготвуваа цела година за да го освојат овој врв. Неколкупати не стигнаа да се искачат до горе, за на крај да успеат во нивната замисла”. Големо браво за истрајноста.