Сместен на третиот кат од старинска зграда во Гетеборг, Шведска, овој прекрасен еднособен стан е внимателно испланиран за да се максимизира животното искуство. Функционалниот ентериер го карактеризираат елементи на скандинавскиот дизајн, како светли бои, распоред со отворен план, префинет бел дабов паркет и модерна изведба со гипсен малтер. Иако станот е еднособен, издвоената спална соба нуди доволно приватност. Реновирањето на станот е завршено во 2008 година, кога се заменети кујната и бањата. На местото од старата бања, отстранети се ѕидовите за да се создаде единствена целина во која се поврзани кујната, трпезаријата и дневната соба. Интересниот циглен кујнски остров дискретно ги раздвојува овие простории, а на амбиентот му дава топол, рустичен призвук. Бидејќи во спалната соба нема доволно место за простран орман, сопствениците се одлучиле за вграден плакар кој е позициониран во ходникот. Во продолжение, погледнете ги фотографиите и пронајдете ја омилената идеја и за вашиот дом.