Lenny Kravitz, добитник на Grammy награда, рокер и икона на стилот, дизајнираше капсула колекција од 20 еклектични и гламурозни парчиња мебел, за CB2. Колекцијата наречена CB2 x Kravitz Design by Lenny Kravitz, дебитираше минатата недела во дуќаните и online, а вклучува светла, ѕидни акценти, мебел, перници и теписи по цена од 35 до 1.009 долари.
“Наша цел беше да создадеме колекција на парчиња мебел, кои се темелат на мојот личен стил и работи кои ме инспирирале во текот на моите патувања” – рече Кравиц. “Стилот многу потсетува на Studio 54 со потенциран гламур на New York и калифорнискиот дух. Збирката е составена од повеќе различни стилови, но се е инспирирано од удобноста и причината да се чувствувате добро и во своја средина”.